Перишиќ се враќа во Бундес – лигата?

Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ би можел и претстојната сезона да игра во Бундес-лигата иако се раздели со Баерн Минхен по едногодишната позајмица и се врати во Интер. Сепак, тренерот Антонио Конте најверојатно нема да смета на неговите услуги, па јасно е дека крилниот играч набрзо ќе мора да ја одбере следната дестинација.

Најмногу интерес за Перишиќ повторно има од Германија иако во најава беше и можен трансфер во Манчестер Јунајтед. Сепак, три германски бундеслигаши се најмногу заинтересирани да го видат во тимот. Тоа се Баер Леверкузен, Херта и Лајпциг.

Перишиќ има договор со Интер до јуни 2022 година, но очигледно е дека нема да се задржи на „Џузепе Меаца“.

 

 

Се вчитува...