Перо Антиќ номиниран за тимот на деценијата во Евролигата (ВИДЕО)

Единствениот македонски кошаркар кој настапуваше во НБА – лигата и успеа да освои три шампионски трофеи во Евролигата, Перо Антиќ, е номиниран меѓу 50.кошаркари кои се во конкуренција за најдобриот тим на декадата во најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување. Актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија стигна до шампионскиот пехар во сезоните 2012, 2013 и 2017.

Перо Антиќ во 2011 година се врати во Евролигата по шест години и тоа имаше веднаш импакт за Олимпијакос кој го освои посакуваниот трофејот по цели 15 години. Една година подоцна „црвено-белите“ од Пиреја со Антиќ во составот успеаја да го одбранат европскиот пехар.

Во 2017 година, Перо Антиќ по третпат ја освои круната со составот на Фенербахче, кој во финалето на завршниот турнир од Евролигата го совлада неговиот поранешен тим Олимпијакос.

Се вчитува...