Силно вложувајќи и во најмладите свои категории, гевгелиски КК Кожув информираше дека како нов младински координатор на тимот е ангажиран Перо Блажевски, легендата на македонската кошарка.
„Со особено задоволство го претставуваме Перо Блажевски како нов младински координатор и тренер на младинската школа“ – информираат од КК Кожув и дополнуваат:
„Со своето искуство, знаење и посветеност, Блажевски ќе има значајна улога во развојот на младинските категории. Во тек е изработка на долгорочен план, насочен кон унапредување на квалитетот на работата со младите, зголемување на бројот на деца во школата и создавање услови за нивен правилен спортски и личен развој.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
