Перо Блажевски, нов предводник на МЗТ Скопје 2?

Перо Блажевски како играч донесе бројни блескави моменти во МЗТ Скопје, а управата на „металците“ се реши да му даде шанса на поранешниот репрезентативец и како тренер, и тоа на вториот тим на “сино-белите“ што и трета сезона по ред ќе биде дел од елитното кошаркарско друштво.

Аеродромци беа во потрага по нов предводник откако не се договорија за продолжување на соработката со Боро Даскаловски. ЕКИПА дознава дека е постигнат договор со Блажевски, кој начелно ги прифатил понудените услови и веќе почнува да се екипира стручниот штаб, но и играчкиот кадар што новиот стратег ќе го има на располагање.

Перо Блажевски за време на играчката кариера настапуваше за бројни македонски клубови, а откако се пензионираше извесно време го водеше тимот на Работнички.

Се вчитува...