Пешевски: Да останеме обединети и да влеземе со мирни глави во следните предизвици

Еурофарм Пелистер одигра уште еден катастрофален натпревар во Лигата на Европа на ЕХФ, губејќи на домашен терен од Мотор со 25-27, резултат што значи и елиминација на македонскиот вицепрвак од ова европско натпреварување.

Пикерот на битолчани Жарко Пешевски по мечот вели дека мора со мирни глави да влезат во финишот на сезоната и да ја нападнат титулата во домашниот шампионат.

„Не ја искористивме шансата пред домашната публика. Направивме многу технички грешки, а на ваков натпревар тоа не смее да се случува. Бевме мотивирани, но прокоцкавме многу шанси. Едноставно мора да се разбудиме што побрзо. Треба да се освестиме и да влеземе со мирни глави во следните предизвици. Апелирам да останеме сите заедно бидејќи ќе ни треба поддршка за да ги оствариме целите“, изјави Пешевски. 

Се вчитува...