Пешевски е херојот на Штутгарт

Жарко Пешевски беше во главна улога на денешниот триумф на Штутгарт од минимални 27-26 против екипата на Балинген. За Штутгарт ова беше само втор овосезонски триумф, со што тимот на Пешевски се израмни со по четири бода со Балинген на делба на 15. и 16. место на табелата.

Натпреварот беше израмнет во текот на сите 60 минути. На одмор се замина со водство на Штутарт од 15-14, домаќините имаа и 24-22 на десетина минути до крајот, но тогаш Балинген со серија од три гола го сврте резултатот во своја полза. Токму тогаш на сцена стапи Пешевски, кој постигна два гола за нецела минута, носејќи водство од 26-25 што неговиот тим го задржа за конечна победа.

Македонскиот репрезентативен пивот одигра одлично и со пет погодоци беше меѓу најефикасните во својот тим, потврдувајќи ја одличната форма на нецели три месеци пред почетокот наа ЕП 2022.

Се вчитува...