Пешевски феноменален во поразот на Штутгарт од Лемго

Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт доживеаја пораз на домашен терен од Лемго во 16. коло во ракометната Бундеслига на Германија. Еден израмнет натпревар во кој на полувреме гостите имаа предност од само еден гол 17-18, беше решен во последните десет минути во кои Лемго одигра далеку подобро.

Македонскиот репрезентативец одигра феноменален натпревар и со шест постигнати гола беше еден од најдобрите поединци во тимот. Штутгарт останува на шестата позиција на првенствената табела и до крај ги очекува тешка борба за опстанок.

 

 

 

Се вчитува...