Пешевски го изненади Магдебург

Штутгарт продолжува со добри игри на стартот од новата бундеслигашка сезона откако тимот на Жарко Пешевски стигнa до нов триумф приредувајќи изненадување на гостувањето против Магдебург (29-30).

Ракометарите на Штутгарт одиграа одличен меч се до 55. минута, кога стигнаа до предност од пет гола (25-30). Од тој момент па до крајот на мечот Пешевски и соиграчите не успеаја да го матираат домашниот голман, но за среќа оние „плус пет“ се покажаа доволни за на крајот да се стигне до минимална победа, трета за Штутгарт во петте овосезонски дуели.

Македонскиот репрезентативец постигна два гола од исто толку обиди, а најефикасен во неговиот тим беше Кристјансон со девет погодоци.

Се вчитува...