Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето против Мотор во Дизелдорф, уште еден џиновски чекор на битолскиот клуб во борбата за нов пласман во нокаут фазата од ЕХФ Лигата на Европа.
Репрезентативецот Жарко Пешевски не го криеше задоволството поради одличниот резултат, најавувајќи уште подобри изданија на „пелистерци“ во периодот што следи.
„Одговоривме на најдобар можен начин, за оние лоши први 15 минути против Берлин во кои го загубивме тој домашен натпревар. Успеавме да се консолидираме, дојдовме максимално психолошки подготвени во Дизелдорф, од првата минута покажавме дека сме дојдени овде да се бориме, секој да го заслужи овој дрес и на крајот да си заминеме со големи два бода и победа. Овој триумф е огромен, освоивме четири бода на две гостувања против директни ривали за пласман во нокаут фазата, овој резултат ќе ни биде ветер во грбот за наредните предизвици. Веќе в петок пред нас е незгодно гостување во Кавадарци, потоа и ново европско гостување во Шпанија против Бидасоа, одиме на секој нареден натпревар да играме уште подобро од претходниот, и секако на крајот да освоиме што повеќе бодови“, изјави Жарко Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА