Пешевски и Штутгарт ставија крај на црната низа – совладан Рајн Некар Левен

Ракометниот клуб Штутгарт на македонскиот интернациналец Жарко Пешевски стави крај на серија од четири порази во низа и ја запиша првата победа во Бундеслигата откако на домашен терен славеше над Рајн Некар Левен со 35-30.

Македонскиот пикер натпреварот го заврши со три гола од четири обиди кон противничкиот гол.

Во следниот натпревар Штутгарт и Пешевски ќе се сретнат со Лајпциг во обид да стигнат и до втората победа во сезоната.

Се вчитува...