Пешевски: Извинување за сите што ги кинеа нервите со нас

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Пикерот на ракометната репрезентација на Македонија, Жарко Пешевски и покрај поразот од Австрија, верува дека ќе се вратат посилни и повторно ќе ја радуваат македонската јавност.

„Слабо почнавме, промашивме неколку шутеви и тоа од чисти ситуации, се вративме во игра, но средината и крајот на првиот дел беа клучните моменти во мечот. На крај заврши како што сите видовме. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа тука, што не бодреа , што губеа нерви овие неколку денови и сакам да им ветам дека ќе се вратиме посилни“ изјави Пешевски.

Ракометарите го завршија настапот на Европското првенство порано од очекуваното, забележувајќи го најслабиот пласман во последните десет години на големите натпреварувања.

Се вчитува...