Пешевски: Ќе играме уште подобро на секој следен натпревар

Жарко Пешевски одигра исклучително важна улога во денешниот триумф, преземајќи ја одговорноста во второто полувреме кога беше скршен отпорот на противникот.

Воедно, македонскиот пивот најави дека нашиот национален тим ќе продолжи со добри игри и на наредните три средби на овој шампиона.

„Игравме добар меч, се имавме подготвувано за овој ривал, знаевме што треба да покажеме на терен и заслужено победивме. Македонија ќе игра уште подобро на секој следен натпревар. Пред нас се три тешки средби со Белорусија, Словенија и со Русија, но сакаме да прикажеме добра игра и да стигнеме што подалеку“, истакна Пешевски.

Се вчитува...