Пешевски одличен, Штутгарт му откина бод на фаворитот Фуксе Берлин

Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт одиграа одличен натпревар против втората екипа на табелата во Бундеслигата, Фуксе Берлин ремизирајќи на домашен терен со 32-32.

Пешевски и другарите на некои пет минути до крајот на мечот имаа позитива од два гола, но успеаја малку да паднат во играта, нешто што го искористија искусните гости и на крајот стигнаа до бод.

Жарко Пешевски беше еден од подобрите во својот тим, завршувајќи го мечот со четири гола од шест упатени удари.

Се вчитува...