Пешевски перфектен во големиот триумф на Штутгарт

Штутгарт стигна до значајни бодови во борбата за опстанок откако тимот на Жарко Пешевски денеска славеше на гостински терен против Ерланген со резултат 27-32.

Ракометарите на Штутгарт фуриозно го почнаа мечот, набрзина поведоа со 2-7, успевајќи потоа да го контролираат резултатот до самиот крај. Ерланген влезе во овој меч со серија од три натпревари без пораз, но Пешевски и соиграчите одиграа беспрекорно, прекинувајќи ја сопствената серија од пет меча без триумф во Бундес-лигата.

Македонскиот репрезентативен пивот беше перфектен во нападот, постигнувајќи четири гола без промашување.

Се вчитува...