Пешиќ доаѓа кај Македонец во Бундес-лигата

Кризата во таборот на Мешков Брест придонесе белорускиот првак да го раскине договорот со Иван Пешиќ, одличниот хрватски голман кој со години беше главен адут на Брест во битките во СЕХА и во Лигата на Шампионите.

Белорусите наведоа дека повредата на Пешиќ е причина за разделбата, но од Хрватска стигнуваат поинакви информации – искусниот голман воопшто не е повреден и експресно ќе потпише со нов клуб каде веднаш ќе дебитира.

Бундес-лигата ќе биде следна дестинација за Иван Пешиќ, кој ќе потпише договор со Штутгарт, тим за кој настапува и македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски. Според весникот „Вечерњи лист“, сите детали се договорени и Пешиќ во следните денови ќе го потпише договорот, по што на 25 ноември ќе дебитира на дуелот со Ерлинген.

Хрватот инсистира за што поскоро да се најде на терените за да може да се наметне за место во хрватската репрезентација за настап на ЕВРО 2022. Пешиќ веќе има потпишано договор за од јули 2022 година да се пресели во редовите на францускиот прволигаш Нант.

Се вчитува...