Кошаркарската репрезентација на Србија, се врати во Белград по освојувањето на бронзениот медал на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз.
На прес-конференцијата на аеродромот во Белград, свое излагање имаше селекторот Светислав Пешиќ кој изјави дека е горд на неговите играчи.
„Во спортот како и во животот, ако имаш цел и не е лесно да стигнеш до таму, ќе те мотивира и ќе ти даде емоционална и ментална сила да издржиш и некако да се откажеш од некои работи, убави работи во текот на летото и да бидеш со тимот. Играта завршува, а нема ништо друго освен следниот натпревар. Тоа е тешко да се одржи и овие момци го направија тоа, исто како што го направија во Манила. Како тренер останав од истите причини, тоа е нешто на што се гордеам и затоа јавно им честитам на таквиот однос и на се што направија, не само оваа година. Има континуитет на другарство и се. Добив и забелешки и критики и добри и лоши предлози… Тимот не трпи, туку се крева од сето тоа и игра многу подобро и верува во се што правиме. Мислам дека играчите се чувствителни, им верувам и се создаде меѓусебна доверба“, изјави Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА