Србија го демолираше Порторико со 41 поен разлика во второто коло од кошаркарскиот турнир на ОИ, а во главна улога беше Никола Јокиќ.
Извонредниот центар уште од третата четвртина го делеше само една асистенција од трипл-дабл, со што ќе станеше само четврти кошаркар во историјата со вакво достигнување на ОИ. Сепак, селекторот Светислав Пешиќ реши да го остави Јокиќ на клупата во самата завршница, не овозможувајќи му со тоа да стигне до посакуваниот трипл-дабл.
„Не знаевме ништо што се однесува до Јокиќ, затоа седеше на клупата. Одиме понатаму“, кратко објасни селекторот зошто најдобриот српски кошаркар не беше на теренот во финишот против Порторико.
Србите во третото коло ќе се сретнат со селекцијата на Јужен Судан, дуел што директно ќе решава за второто место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА