Пешиќ веднаш демантираше за Јокиќ: Лажни вести

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ се јави по информацијата дека Никола Јокиќ ќе игра на Олимписките игри во Париз.

„Максбет спорт“ објави дека центарот на Денвер ќе игра во Париз, а „Б92“ по тој повод го контактираше селекторот.

„Новинар на Твитер објави лажни вести… Кога ќе дојде време, ќе добиете вистински информации…“, изјави Пешиќ накратко.

Пред три дена Нагетс беа елиминирани во полуфиналето на плејофот на Западот, бидејќи беа поразени од Минесота Тимбервулвс во серијата со 4-3 и нема да ја бранат титулата во НБА лигата. По тој меч Јокиќ беше прашан за настапот на Олимписките игри, по што изјави дека ќе мора да размисли.

Се вчитува...