Пешиќ: Здодевни сте веќе со Јокиќ…

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ во интервју за српските медиуми вели дека се уште не знае дали Никола Јокиќ ќе игра на Олимписките игри во Париз.

Тој смета дека веќе сите станале здодевни со прашањето кое го добива буквално на секој настан на кој ќе се појави.

„Јавното мислење и медиумите најмногу ги интересира дали Јокиќ ќе игра. Веќе сте здодевни со тоа. Секако, важно е кој ќе игра. Можете да правите планови, но мора да имате аргументи, а најважните аргументи се играчите дали се способни да ја вложат целата своја ментална и физичка сила. И тие треба да бидат здрави. Повеќето лиги завршуваат во третата недела од јуни, доколку Денвер оди во финале ќе игра некаде до 20. јуни, а ние ги започнуваме подготовките на 17. јуни. Се бараат резултати, но нема автоматизација. Кажуваш што сакаш и ја постигнуваш целта. Мора да се подготвите“, изјави Пешиќ.

Се вчитува...