Пет години откако Меси „му ја скрши кичмата“ на Боатенг (ФОТО)

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џером Боатенг, смогна сили да се пошегува на своја сметка и потсети дека пред точно пет години, на 6 мај 2015 година беше на тешка мака поради еден дриблинг на аргентинскиот генијалец Лионел Меси на дуелот против Барселона во Лигата на шампионите.

„Еве ви нешто за да се насмеете овие денови. Во меѓувреме, јас ќе земам пуканки и ќе го гледам финалето на СП 2014. Можете да престанете да ме тагнувате, знам дека ова беше пред точно пет години“, твитна Џером Боатенг.

Германецот една година претходно во финалето на Светското првенство го сопре Лионел Меси и стана светски првак со националниот тим во дуелот со Аргентина.

Се вчитува...