Пет кандидати за наследник на Алегри

Масимилијано Алегри на крајот од сезоната си заминува од Јувентус по поминати пет години на клупата на италијанскиот гигант.. Почнаа шпекулациите на околу неговата замена, а во игра се пет тренерски имиња.

Директорите на клубот Павел Недвед и Фабио Паратичи сакаат на клупата да се врати Антонио Конте, но поранешниот селектор на Италија е блиску до потпишување на договор со Интер. Голема желба на раководството на „старата дама“ е и Пеп Гвардиола, но Шпанецот дефинитивно останува на „Етихад“ барем уште една година.

Високо на листата на желби е и тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Аргентинскиот стратег изјави дека прво сака да разговара со раководните лица во лондонскиот клуб, како би му ги кажале амбициите на тимот во следниот период, па потоа да може да одлучи када сака да ја продолжи кариерата.

Како потенцијална замена на Алегри се споменува и селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп. Дешамп најверојатно Француската фудбалска федерација нема да прифати тој да има две работни места.  Последен на листата е Симоне Инзаги, кој со екипата на Лацио сезонава стигна до трофејот во Копа Италија.

Се вчитува...