Пет меча без примен гол: Велкоски го „чува“ Лачи и го носи кон врвот во Албанија

Екипата на Лачи од Албанија вчера го одигра петтиот натпревар во кој успева да ја сочува мрежата во првенството и во Купот на Албанија. Еден од заслужните за такво нешто е македонскиот интернационалец Виктор Велкоски кој игра како стопер во овој тим.

Лачи во овие пет меча ја совлада екипата на Партизани со 1-0, потоа Влазнија со 1-0, па Динамо Тирана исто така со 1-0, а вчера го совлада и Кукс со 3-0. Во меѓувреме одигра и без голови против Егнатија во Купот, па го елиминираше преку пенали.

Лачи со оваа серија се искачи на второто место на табелата, и ќе се бори за титулата заедно со Тирана која бега три бода на табелата.

Велкоски во минатото беше дел од Вардар, Работнички, Пелистер, Победа, Скопје, а една полусезона мина и во грчки Егиниакос.

Се вчитува...