Пет причини поради кои Лука Дончиќ ќе биде МВП во НБА

Вечерва се враќа НБА лигата. Лука Дончиќ во новата сезона влегува како еден од првите фаворити за освојување на признанието за најкорисен кошарар во регуларниот дел. Шпанска „Марка“ издвојува пет причини поради кои Дончиќ е фаворит број еден за освојување на признанието.

  • НЕГОВИОТ НАПРЕДОК МОРА ДА ПРОДОЛЖИ

Напредокот кој мора да продолжи е главната причина за освојување на признанието. Ривалите веќе почнаа да се плашат од него. Не може да се види неговиот „плафон“. Самиот факт дека минатата сезона беше водечки по остварени трипл-дабли (17) веќе е на ниво на МВП. Исто така неговото влијание врз играта и можноста да доминира во секој сегмент го прави смртоносно оружје.

  • ДАЛАС ЌЕ ДОБИЕ ПОВЕЌЕ НАТПРЕВАРИ

Од МВП кошаркар делумно се бара и тимот да има добар скор. Здрав Кристапс Порзингис, повеќе кошаркари како Џош Ричардсон, плус кошаркари како Тим Хардвеј и Џејмс Џонсон ќе дадат дополнителна цврстина на тимот.

  • МИНУТАЖА

МВП наградата добива кошаркари кои имаат многу минути. Тоа е и логично. Колку си повеќе на паркетот, имаш повеќе опции да влијаеш и на судбината на тимот, а Дончиќ е апсолутен лидер во Далас и нема конкуренција во тој поглед.

  • НЕМА СЛАБОСТ ВО ИГРАТА

Лидер, додавач, скокач, поентер, паметен кошаркар – Сите овие се епитети на играта на Дончиќ. Во просек беше блиску трипл-дабл учинок минатата сезона кога имаше 28,8 поени, 9,4 скока и 8,8 асистенции.

  • МОЖЕ ДА БИДЕ ГОЛЕМА ГОДИНА ЗА ДАЛАС

Западот повторно ќе биде многу силен. Лејкерс се фаворити за првото место, а потоа сите други во низа. Покрај Клиперс меѓу фаворитите за добар пласман се и Далас, а со добра игра тимот од Тексас може да стиген до добар резултат сезонава.

Се вчитува...