Пет Рајли го продолжи договорот со Мајами

Претседателот на Мајами хит, Пет Рајли, потпиша нов петогодишен договор и го продлжува својот престој на Флорида на подолг рок. Рајли е претседател на Мајами од 1995 година, а во два периоди (1995-2003 и 2005-2008) го водеше НБА тимот од клупата.

Под негово водство, Мајами освои три шампионски прстени во НБА, првата во 2006 кога тимот го предводеа Двејн Вејд и Шекил О’Нил.

„Мислам дека бевме добра група во изминативе 22 години. Сите ние израснавме заедно во овие години“ –изјави Пет Рајли.

Екипата од Флорида оваа сезина има 41 победа и 41 пораз. Во плеј-офот не стигнаа за малку бидејќи во регуларниот дел имаа ист број бодови со Чикаго, но „булси“ имаа подобар меѓусебен скор.

Се вчитува...