Пет светски метрополи се борат за АТП финалето

Досегашниот домаќин Лондон, Манчестер, Токио, Сингапур и Торино се петте града кои се најдоа на најтесната листа за изборот на домаќин на тениското финале на сезоната објави АТП. Завршницата на тениската сезона од 2009 година се одржува во Лондон.

Актуелниот договор на главниот британски град е до 2020 година, па светската тениска асоцијација ќе го одредува домаќинот на турнирот за од 2021 година. Дефинитивната одлука ќе биде однесена во март 2019 година. Најголеми шанси му се даваат на Токио со оглед дека јапонската компанија Нито е спонзор на настанот.

Битката за организација на АТП финалето е голема затоа што настанот привлекува огромно винамение и бројни спонзори. Низ годините во кои Лондон е домаќин во О2 арена имало вкупно 2.5 милиони посетители. Настанот го откупуваат 180 телевизии низ светот, а го гледаат околу 90 милиони гледачи.

Се вчитува...