Петар Ивановски е шампион на Македонија во виндсурф – едрење на даска

Изминатиов викенд во Струга се одржа Државното првенство на Македонија во едрење, во виндсурф – едрење на даска во организација едриличарските клубови Развигор 103 – Скопје и Снегар – Струга, под покровителство на Едриличарска федерација на Македонија.

Временските услови не дозволија поголемо присуство на сите активни едриличари на даска да се приклучат на ова првенство, но затоа пак најискусните едриличари не отстапија заокружувајќи го шампионатот на најдобар можен начин.

Севкупен победник е Петар Ивановски од ЕК Пеликан и се закити со златен медал, Зоран Митрески од ЕК Развигор сребро и Бојан Ивановски од ЕК Пеликан бронзен медал. По натпреварувачкиот дел заинтересираните рекреативци имаа воведен промотивен час по едрење.

Од Едриличарската федерација на Македонија шампионатот го искористија и за промоција на едриличарскиот спорт и промоција на Струга и Охридското езеро како одлична локација за практикување на спортови на вода.

Се вчитува...