Петар Паунче и Иво Илинчев од „Акватика јахтинг“ од Охрид најдобри на едриличарскиот Куп во Струга (ФОТО)

Изминатиот викенд во организација на Едриличарскиот Клуб Снегар од Струга се одржа вториот дел од „Едриличарскиот куп на Охридското езеро – Струга“ на која учествуваа триесеттина едриличари поделени во 11 едрилици од Охрид и Струга.

Во идеални едриличарски услови со ветар од 6 до 15 чвора беа извозани 4 трки. Во класа минитонец најуспешен беше бродот „Marionette“ со скипер  Петар Паунче – Скитник од Акватика Јахтинг Охрид, второто место им припадна на бродот „Оливера“ со скипер Драган Цуца,  третото место го освои бродот „The beauty of vice“ од Акватика Јахтинг Охрид со скипер Стефан Ставрев – Дивоно.

Во класа микротонци најуспешен беше скиперот Иво Илинчев од ЕК Акватика јахтинг Охрид – Охрид, второто место му припадна на стружанецот Климе Грчески од ЕК Снегар – Струга, додека третото место го освои Бојан Кавај од ЈК Сирма Струга.

Овој натпревар е дел од „Ohrid Lake Sailing Cup“ кој се одржува во неколку етапи на Охридското езеро, се одржува втора година по ред а оваа година се организира од двата најдобри едриличарски клубови од Струга и Охрид – ЕК Снегар и Акватика Јахтинг.

 

 

Се вчитува...