Петар Петковски потпиша за Сепси

Македонскиот младински фудбалски репрезентативец Петар Петковски ќе ја продолжи кариерата во Романија. Тој потпиша двегодишен договор со романскиот прволигаш Сепси, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Петковски во Сепси ќе има македонски соиграч. Пред неколку дена и дефанзивецот Ристо Митревски од Израел се пресели во Романија и потпиша за Сепси. Овој романски клуб минатата сезона заврши на шестата позиција во шампионатот.

 

Се вчитува...