Петар Петковски со трансфер во Романија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Петар Петковски, кариерата ќе ја продолжи во романското првенство откако потпиша договор со тимот на Ботошани.

Петковски минатата сезона ја мина во дресот на Работнички, претходно го има носено и дресот на Вардар, а преселбата во Ботошани е прв интернационален предизвик за 24-годишниот напаѓач. Тој потпиша тригодишен договор со романскиот прволигаш, кој ланската сезона се пласираше во плејофот и на крајот ја освои шестата позиција во првенството на оваа земја.

За Ботошани минатата сезона настапуваа двајца македонски интернационалци, Давид Бабунски и Стефан Ашковски.

Се вчитува...