Државното првенство во мечување за сениори кое вчера се одржа во Скопје изобилуваше со исклучително квалитетни и неизвесни борби. Во машка конкуренција, титулата ја освои Петар Србиноски од МК Борец Скопје кој во финалето го совлада Огнен Бундалески од МК Ескрим Скопје. Бронзени медали освоија Матеј Тодоровски и Петар Дамјаноски, двајцата членови на МК Ескрим.
Во женска конкуренција, државен првак е Неда Коцевска од МК Ескрим Скопје со победа над Настасја Ристоска од МК Витез Гостивар. Бронзени медали освоија Лина Пашоска од МК Борец Скопје и Јелица Божин од МК Победник Скопје.
Во екипна конкуренција мажи, победи МК Ескрим Скопје со надмоќна победа во финалната борба над МК Работнички Скопје. Во борбата за трето место, МК Борец Скопје ја совлада втората екипа на МК Ескрим.
Првенството го следеше и националниот тренер и селектор Билјана Кузмановска. Таа треба да го одреди составот на репрезентацијата која ќе настапи на Европското првенство за сениори кое во средината на јуни ќе се одржи во Франција.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
