„Петарда“ за Димитриевски и Рајо од Вилјареал

Вилајреал остана во игра за место во европските натпреварувања следната сезона откако во 36. коло од Ла Лига славеше со 1-4 на гостувањето кај Рајо Валекано на нашиот Столе Димитриевски.

Голеадата во Мадрид започна 3. минута кога мрежата на македонскиот голман ја затресе Алфонсо Педроза, а откако во 21. минута Гвардола изедначи на 1-1, со головите на Фојт, Алкасер и Торес гостите поведоа со 1-4. Последниот гол на мечот беше дело на Педроза кој на асистенција на Диа во 89. минута ја затресе мрежата и го постигна конечниот резултат.

Со 15. победа во сезоната Вилајреал стигна до 56 бод и сега се наоѓа на 7. место на табелата кое води во квалификациите за Конференциската лига, додека Рајо останува без шанси за излез во Европа следната сезона со 42 освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...