Килијан Мбапе доби остри критики по натпреварот меѓу Данска и Франција, а по дуелот ѕвездата на „светците“ отиде чекор подалеку, изјавувајќи дека во ПСЖ ја нема слободата во играта која ја има во националниот тим.
Поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети, во својата анализа упатил критики на сметка на Килијан.
„Секогаш истиот фудбалер се жали, јазикот му е побрз од умот … во одреден момент ќе мора да запре. Килијан е многу интелигентен и треба да ги знае последиците од кажаните зборови. Наместо да му каже што има на тренерот во четири очи, тој зборува јавно и си предизвикува бумеранг ефект. Зборуваме за важен играч кој ги става работите на знаење на целокупната јавност, ако бев на местото на Меси и останатите, ќе му се лутев по секој јавен настан. Што е следно, сам да го избере тимот со кој ќе настапува“, заклучил Пети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА