„Петка“ на Манасков, Веспрем е во куп-финале

Веспрем без проблеми се пласираше во финалето од ракометниот Куп на Унгарија, откако вечерва славеше во полуфиналната пресметка против Балатонфуреди со 43-26. Избраниците на Давид Дејвис ги одиграа во високо ниво сите 60 минути, на полувреме имаа двоцифрена предност од 23-12, што до крајот успеаја уште повеќе да ја зголемат.

Дејан Манасков постигна пет погодоци во овој триумф на Веспрем, исто толку постигна и Ненадиќ, а најефикасен кај Веспрем беше Македа со седум гола.

Противник на Манасков и соиграчите во големото финале ќе им биде вечниот ривал Пик Сегед, кој во второто полуфинале беше подобар од Веспреми ККФТ,

Се вчитува...