Петковски го повреди зглобот, излезе во 11. минута

Фудбалерот на Ботошани, македонскиот интернационалец Петар Петковски вчера на натпреварот со Универзитатеа, доживеа повреда на зглобот уште во раната фаза од натпреварот. Тој мораше да го напушти мечот во 11. минута.

Станува збор за повреда на зглобот, а Петковски денеска ќе биде подложен на дополнителни прегледи, по кои ќе се знае тежината на повредата и евентуално должината на паузата.

Петковски на почетокот на оваа сезона дојде во Ботошани. Во минатото играше во Работнички и во Вардар.

Се вчитува...