Петковски на пат кон португалски Жил Висенте!?

Поранешниот македонски младински репрезентативец Петар Петковски е пред трансфер во португалскиот прволигаш Жил Висенте.

22-годишниот Петковски, како слободен играч по крајот на договорот со Работнички, би можел да му се приклучи на Стефан Ристовски како уште еден Македонец во најсилниот шампионат на Португалија. Како што пренесуваат дел од португалските медиуми, преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза околу реализација на евентуалниот трансфер.

Петковски претходно ова лето се поврзуваше со романски Сепси и полскиот Сласк, но поради несогласување околу финансиските услови сепак не постигна договор со ниту еден од двата клуба.

Се вчитува...