Петковски: Работнички ќе атакува на триумф против Силекс

Фудбалерите на Работнички активно се подготвуваат за второто коло од Првата македонска фудбалска лига и пресметката со Силекс утре (18. август) од 20 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Крилниот офанзивец Петар Петковски верува дека тимот може да одигра далеку подобар натпревар од оној против Ренова пред една недела, и против кратовци да се стигне до првата победа сезонава.

„Зад нас го оставаме натпреварот со Ренова во кој имаше и добри нешта но сигурно и работи за корекција. Не сакаме сега веќе да мислиме на тој пораз затоа што долго е првенството и сигурни сме дека од натпревар на натпревар максимално ќе влегуваме во неопходниот ритам. Прва шанса за подобар впечаток сигурно е натпреварот со Силекс кој, во секој случај, ниту малку нема да биде лесен. Силекс е цврст тим, одличен колектив кој секогаш игра на резултат, но нашата желба секако е да дојдеме до првата победа сезонава“ – вели Петковски во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

Се вчитува...