Петковски: Вардар е лидер и ја има фаворитската улога, но и Работнички е во пролетен налет

Работнички во 21.коло денеска (14 часот) го игра градското дерби против Вардар. По двете пролетни победи против Струга Трим Лум и против Шкупи, ова ќе биде најголемиот испит за составот на Ратко Достаниќ, дуелот против лидерот на табелата Вардар. Но, „романтичарите“ се подготвени за надигрување.

„Вардар ја има фаворитската улога, лидер е на табелата и има одлични резултати во текот на целата сезона. Но, и овој Работнички е сосема поинаков и тимот што потфрли во првиот дел од сезоната. Ние сакаме да собираме бодови на секој натпревар, дуелите со Вардар секогаш будат и посебна инспирација, се надеваме дека можеме да останеме непоразени и да забележиме нов позитивен резултат. И Работнички е во пролетен налет“, вели напаѓачот Петар Петковски за официјалниот сајт на клубот.

Мечот меѓу Вардар и Работнички, по препораката од Владата, ќе се одигра без присуство на публика на арената „Тодор Проески“, а ќе го суди Јосип Бартон од Скопје.

Се вчитува...