Градското дерби меѓу Работнички и Вардар утревечер (19 часот) ќе го отвори шестото коло во домашниот шампионат на Македонија. Овој меч е секако посебен предизвик за напаѓачот на Работнички, Петар Петковски, кој во минатото го носеше токму дресот на „црвено-црните“.
„Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, таму минав одлични мигови, но сега сум член на Работнички и максимално мотивиран го очекувам утрешниот меч. Мечевите меѓу овие два тима секогаш нудат допадлив и возбудлив фудбал, се надевам дека така ќе биде и утре, со надеж дека ние на крајот ќе се радуваме. Вардар е квалитетен тим и секако заслужува респект, но мислам дека Работнички може да стигне до триумф“, вели Петар Петковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА