Петнаесет години од асистенцијата на Роналдињо до Меси – Се останато е историја (ВИДЕО)

На денешен ден во 2005 година Барселона требаше да го победи Албасете за да остане во трката за титулата во домашниот шампионат со Реал Мадрид. Никој од присутните на „Камп ноу“ во тој момент не очекуваше дека ќе биде дел од историја која се испишува веќе 15 години. Првата ѕвезда во клубот и Европа во тоа време, Роналдињо асистираше до младиот Меси кој го постигна првиот гол во дресот на каталонскиот клуб. Меси во следните 15 години успеа уште 626 пати да се запише во листата на стрелците и да си обезбеди место во друштво на најдобрите во оваа игра на сите времиња.

Се вчитува...