Петр Чех е решение за проблемот на Наполи

Карло Анчелоти ја финишира потрагата по нов голман за Наполи, насочувајќи го целото свое внимание кон ангажман на Петр Чех од Арсенал. Пепе Реина се сели во Милан, па новиот стратег на „наполитанците“ е принуден да ангажира чувар на мрежата што би внел сигурност во одбранбената линија, а според Анчелоти најдобро на таа задача може да одговори Чех.

Наполи претходно се интересираше за Бернд Лено од Баер Леверкузен, но германскиот ас ќе замине во Арсенал, што е јасен знак дека Чех се наоѓа пред заминување од таборот на „топчиите“. Италијанскиот клуб веќе испратил понуда за едногодишна позајмица, а доколку Арсенал инсистира на перманентен трансфер Наполи е подготвен и за таква опција, се со цел Чех повторно да работи со Анчелоти, откако двајцата имаа успешна соработка во Челси.

Исто така, како опција за Наполи се споменува и Анхел ди Марија, еден од фудбалерите на ПСЖ за кои се прогнозира дека летово ќе си заминат од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...