Петр Чех ќе паузира еден месец, Бернд Лено ќе застане на голот на Арсенал

Чешкиот ветеран Петр Чех ќе паузира еден месец од фудбалските терени, по повредата на бутниот мускул што ја заработи на мечот против Ватфорд (2-0). Прв избор за Унаи Емери сега ќе биде Бернд Лено, кој на претходниот натпревар веќе застана на голот на „топчиите“.

Докторскиот тим на Арсенал извести дека Петр Чех ќе мора да мирува најмалку три седмици, а по еден месец ќе може да се врати во полн тренажен процес. Ова е шанса за Лено.

„Жалам за повредата на Петр Чех, тоа секако и лично му го соопштив. Но, таков е животот на спортистите, повреди се случуваат. Не сакав на ваков начин да добијам шанса, но ќе се трудам максимално да ја оправдам довербата“, изјави Бернд Лено.

Се вчитува...