Петра Квитова преку Зигемунд до полуфинале на Ролан Гарос

Чешката тенисерка Петра Квитова се пласираше во полуфиналето на женскиот дел од турнирот на Ролан Гарос, откако во четвртфиналето ја совлада Германката Лаура Зигемунд со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-3.

На Квитова во првиот сет и беше доволен само еден брејк да стигне до негово освојување, додека во вториот Германката даде малку поголем отпор, но не беше нишо доволно за пресврт. Во полуфиналето Квитова ќе се сретне со подобрата од мечот меѓу Американките Софија Кенин и Даниеле Колинс.

Денеска на програмата се и последните два четвртфинални меча во машка конкуренција во кои играат Стефанос Циципас – Андреј Рубљов и Новак Ѓоковиќ и Пабло Карено Буста.

Се вчитува...