Петра Квитова се повлече од Ролан Гарос

Поради повреда на раката, двојната освојувачка на Вимлбдон, Петра Квитова се повлече од вториот годинашаен тениски грен-слем. Чехинката која беше шеста носителка откажа пред мечот од првото коло со Романката Сорана Кирстеа. Поради повреда, Квитова се повлече и од Мастерсот во Рим.

„Имам болки во горниот дел од раката веќе неколку седмици и снимките покажаа посеризона повреда. Навистина ми е жал што не можам да играм, во Париз годинава. Ова беше тешка одлука“ – изјави Квитова.

Полуфиналето во 2012 година е најдобриот палсман на Квитова на Ролан Гарос.

 

 

 

Се вчитува...