Чешката тенисерка Петра Квитова најави дека ќе се врати на тениските терени на крајот на февруари, седум месеци откако во јули роди син.
Таа изјави дека ќе се врати на теренот на турнирот во Остин на крајот на февруари, а потоа ќе учествува на турнирот во Мајами во март.
„По 15 месеци отсуство се враќам на терените. Навистина ми недостига тенисот и натпреварувањето“, изјави Квитова.
Квитова во кариерата двапати го освојуваше Вимблдон, а има вкупно 31 трофеј на ВТА турнирите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА