Петра Влхова е „Снежна кралица“ за 2021 година

Петра Влхова триумфираше на слаломот во Слјеме со кој традиционално се отвора новата година во сезоната во алпско скијање. До титулата „Снежна кралица“ Словачката стигна со вкупно време од 1:59.08 што беше за пет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Австријката Катарина Линсбергер. Подиумот го надополни Швајцарка Мишел Гизин која доцнеше 22 стотинки зад времето на победничката.

Американката Микаела Шифрин на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место. Со овој триумф Влхова само ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Мишел Гизин и Микаела Шифрин.

Следниот викенд најдобрите алпски скијачки во светот се селат во австрискиот Сент Антон каде на програмата се трките во спуст и супервелеслалом.

Се вчитува...