Петрески со тренерски ангажман во Мароко

Македонскиот ракометен стручњак Томе Петрески ја продолжува својата кариера во шампионотот Мароко, откако постигна договор за соработка со екипата на Малудија.

Поранешниот македонски репрезентативец по завршувањето на играчката кариера беше тренер во неколку клубови во Франција, по што се врати во татковината. Последен работен ангажман му беше во тимот на Прилеп, извесно време му беше и асистент на селекторот Ивица Обрван во македонскиот национален тим, а од неколкуте понуди што ги доби во изминатиот период Петрески ја избра онаа на Малудија.

Станува збор за клуб што најавува атак на највисок пласман за новата сезона, а пред почетокот на шампионатот на Мароко македонскиот стручњак го очекува и настап на Арапскиот куп што ќе се одржи кон средината на следниот месец.

Се вчитува...