Петровиќ: Бевме надиграни во секој сегмент, Задар имаше двојно поголема желба за надигрување

Александар Петровиќ има причина за загриженост по новото слабо издание на МЗТ Скопје и убедливиот пораз на гостувањето против Задар.

На кормиларот на „металците“ на прес-конференцијата по мечот не му преостана ништо друго освен да му честита на поквалитетниот противник.

„Честитки на тимот на Задар на феноменалниот натпревар. Бевме надиграни во секој сегмент на кошаркарската игра, доминираа во скокот, имаа и двојно повеќе желба да се надигруваат од моите кошаркари. Таквиот пристап им ја донесе оваа убедлива победа“, кратко изјави Петровиќ по поразот.

Се вчитува...