Петровиќ: Денеска победи послабата екипа

Александар Петровиќ ја продолжува победничката низа откако пристигна на кормилото на МЗТ Скопје, предводејќи го македонскиот првак до нов значаен триумф на турнирот од АБА2 во Широки Бријег. По одличното издание против домаќинот, „металците“ вечерва беа подобри и од Борац Бања Лука, за искачување на првото место на табелата во пресрет на завршниот турнир чиј домаќин ќе биде токму МЗТ Скопје.

„Металците“ се вратија од огромна негатива од 17 поени што ја имаа во третата четвртина, а како клучна се покажа беспрекорната игра во последните десет минути што македонскиот првак ги доби со убедливи 25-8.

„Можам да кажам дека денеска победи послабиот тим. Борац одигра три одлични четвртини, беа подобри од нас, ние не можевме да одговориме на нивната агресивна игра. Во последните десетминути дојде до израз нашето искуство, ја кренавме агресивноста во одбраната и тоа ни го донесе пресвртот и победата“, изјави Петровиќ.

Се вчитува...