Петровиќ: Го вративме МЗТ таму каде што припаѓа, во ваква атмосфера не се губи

МЗТ Скопје се пласираше во големото финале на АБА2 лигата, и воедно го осигура враќањето во „елитата“ на регионалната кошарка откако славеше над Широки Бријег во неизвесна завршница со 75-71.  Аеродромци во текот на мечот успеаваа да направат „комотна“ преднсот, но составот од Босна и Херцеговина не дозвволуваше задржување на истата па победникот беше одлучен во последните секунди.

По натпреварот тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ не го криеше задоволството од пласманот во АБА лигата, а повторно ги пофали навивачите за одличната поддршка.

„Емоциите работат, честитки за екипата на Широки за фер и корeктната игра, сакам да се извинам што беше противнички играч удрен од трибините. Го вративме МЗТ во АБА лигата, во ваква атмосфера не се губи, честитки до играчите, до клубот, до публиката и тоа е тоа накратко. Мислам дека заедно направивме голема работа откако јас сум тренер и работам со овие играчи. Ова е голем успех за македонската кошарка“, изјави Петровиќ.

Се вчитува...