Петровиќ: Кога ги имаш Фемили, тешко е да изгубиш

МЗТ Скопје се пласираше во полуфиналето на АБА2 лигата откако славеше против Сутјеска со 73-68 во четвртфиналето од турнирот кој се одржува во СЦ „Јане Сандански“. Аеродромци не беа на врвот на задачата во нападот, но беа на ниво во одбраната каде го примораа противникот на тешки обиди, го контролираа скокот па сосема заслужено се најдоа во следната фаза.

По натпреварот тренерот на „сино-белите“, Александар Петровиќ им честита на своите играчи за добриот натпревар, а ги пофали и навивачите кои беа „шесттиот играч“.

„Одигравме тежок натпревар, ова беше прв меч и нормално е дека поправен нема. Нашиот напад прво беше малку во грч, но потоа најдовме решенија. Им честитам на момците, имавме контрола на скокот, поддршка од нашите навивачи и тука ја имавме победата. Кога имаш ваква атмосфера, тешко е да изгубиш“, изјави Петровиќ

Се вчитува...